Сукана пита со праз
Традиционално јадење кое никогаш неможе да се одбие🤗
Чекори на подготовка
Подготовка на тестото :
- Во сад ставаме млака вода.
- Додаваме квасец, шеќер, сол и масло за јадење.
- Постепено додаваме брашно и замесуваме тесто кое треб да не се лепи на рацете.
- Тестото се дели на 10 топчиња.
- Се остава тестото да одмори 10 мин.
- Секое топче се сука со сукало за да се добие тенка кора.Се посипува брашно на кората секогаш кога ја сучите кората .
- Кората се попрскува со масло и се става фил од праз.
- Се мотка во ролна и се витка како полжав.
- Се става во округла тепсија премачкана со маргарин.
- Се сука втората кора на ист начин.
- Питата одозгора се премачкува со масло за јадење.
- Се пече на 200 ⁰ С 20 минути.
- По печењето се попрскува со малку вода и се покрива со кујнска крпа.
Подготовка на филот :
- 5 страка праз се сецка и се пропржува на масло за јадење 15 минути. Се остава да се исцеди ( може филот да се подготви и порано )
- Добар апетит !
Намирници
За тесто потребно е :
- 1 кг. Брашно + 100 гр за сукање на корите
- 500 мл. Вода млака
- Половина филџанче масло за јадење Витаминка
- 2 лажичиња сол Витаминка
- 1 лажиче шеќер
- 1 лажиче сув квасец или половина свеж
- 50 гр. Маргарин
Фил :
- 5 страка праз малку зејтин сол по вкус
Забелешки
Филот за питата може да биде различен, изборот е ваш . Можете да испечете се одеднаш или направените пити може да ги замрзнете непечени, па по потреба да печете.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
0 Comments