Чоко фантазија торта

by | Фев 27, 2024 | 0 comments

Чоко фантазија торта

Мартина Илова
Тортата ја нареков така бидејќи нејзиниот вкус е вистинска фантазија, а не ви одзема повеќе од 2 часа за подготовка.
подготовка 3 minutes
порции 20

Чекори на подготовка
 

  • Сварете ги пудинзите со млекото, шеќерот и ванилиниот шеќер.
  • Изматете го маргаринот и шеќерот во прав. Додадете го и пудингот во филот и изматете убаво.
  • Во посебен сад изматете ја хоплата.
  • Растопете ја чоколадата за готвење.

Филот поделете го на 3 дела:

  • *Фил со растопена чоколада
  • *Фил со 1/2 хопла
  • *Фил со шеќер во прав и маргарин
  • Земете еден пандишпан, попрскајте го со млеко и ставете фил по желба. Редете наизменично. Врз филот со чоколада, ставете го слаткото.
  • Кога ќе го ставите последниот пандишпан, филувајте однадвор со останатата половина од хоплата.
  • Како декорација, изрендајте темна чоколада Happy и декорирајте одозгора.
  • Пред послужување, оставете ја на ладно место или фрижидер минимум 4 часа.

Намирници
  

  • 3 готови пандишпани
  • 750 мл млеко
  • 3 пудинзи Пастела Витаминка
  • 3 лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер Витаминка
  • 250 г маргарин
  • 200 г шеќер во прав Витаминка
  • 500 мл хопла
  • 100 г чоколада за готвење Витаминка
  • 100 г слатко од вишна

За декорација:

  • 1 темна чоколада Happy Витаминка
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рејтинг