Протеински лава колач
Чекори на подготовка
- Загрејте ја рерната на 180 степени.
- Измешајте ги сувите состојки, а потоа влажните.
- Додајте го и чоколадото.
- Ставете ја смесата во огноотпорен мал сад. Во средината ставете полна лажица крем и печете 15 мин. (може и повеќе, зависи од рерната).
Намирници
- 40г овесно брашно (мелени овесни снегулки, може и обично бело брашно)
- 1 доза протеин (најдобро чоколада)
- 1 лажица какао
- 1/2 лажичка прашок за пециво
- засладувач
- 75г грчки јогурт
- 60г млеко (1/4 чаша)
- засладувач по желба
- 10г чоколадо
- 1 лажица протеински крем/крем
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
0 Comments