Ресана тарт
Овој тарт го правев за роденденот на мајка ми и излезе превкусен, а за изгледот можете и вие да видите 😍
Чекори на подготовка
- Ги мешате сите состојки за кората заедно во процесор или ако немате измешајте ги убаво рачно, завиткајте го тестото во фолија и ставете го во фрижидер додека го правите филот. За тоа време исто така загрејте ја рерната на 180°С.
- За подготовка на филот од портокал, загрејте го сокот од портокал, ставете го растворениот пудинг и мешајте убаво додека не се згусне.
- Кокосовиот крем и чоколадото стопете ги заедно на средна температура и кога ќе се стопи чоколадото полека додавајте го растворениот густин. Јас чоколадото го топев на пареа.
- Тестото убаво распоредете го на тавчето и печете го околу 10-15 мин. Кога ќе биде готово оставете го да се олади па врз него ставете го желето па потоа филот. Вака готовиот тарт оставете го да се лади неколку часа (најдобро преку ноќ).
Намирници
- Кора
- •100г мелени бадеми или други јатки јас ги мелам во нутри булет
- •180г овесно брашно мелени овесни снегулки
- •100-120г путер исецкан на коцкички може да пробате и со кокосово масло
- •2 лажици мед
- • кора од портокал или шеќер со екстракт од портокал има во Стокомак
Фил од портокал:
- • 350мл сок од портокал
- • кора од портокал
- . 1 Pastela пудинг со вкус на лимон растворен во 2-3 вода
Фил:
- • 1 конзерва кокосов крем
- • 300г црно чоколадо Happy чоколади
- • 1 лажичка ванила екстракт опционално
- • 1-2 лажици густин растворени во 1 лажица вода ако користите кокосов крем ова е опционално
Забелешки
• Тавчето е со димензија 26цм, но може да се направи и во малку помало, со што можеби ќе треба да се пече плус 2-3 минути.
• Доколку користите кокосово млеко од конзерва, а не кокосов крем, ќе треба да додадете малку густин во смесата за да ви се стегне поубаво поради тоа што кокосовото млеко е потечно.
• Доколку користите кокосово млеко од конзерва, а не кокосов крем, ќе треба да додадете малку густин во смесата за да ви се стегне поубаво поради тоа што кокосовото млеко е потечно.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
0 Comments