Здрави сникерс барови
Чекори на подготовка
- •Тавче/ калап со големина околу 20х25 cm, но може во какво било само формирајте го отприлика во тие димензии
- -Свежите урми оставете ги да отстојат во топла вода 5-10 минути па излупете ги по желба и изблендирајте ги со путерот од кикирики за да добиете карамел.
- -Комбинирајте ги и измешајте ги сите состојки за бисквитот и притиснете ја смесата во тавче.
- - Ставете го карамелот врз бисквитот и потоа ставете ги кикириките.
- -Оставете го сникерсот да се стегне малку во фрижидер пред да го нанесете чоколадото кое ќе го растопите на пареа или во микро.
- Сникерсот може да го исечете на околу 15 парчиња и да го чувате во фрижидер или замрзнувач.
Намирници
Бисквит:
- •150г мелени овесни снегулки
- •130-150г мелени бадеми или други јатки
- •100г стопен путер или кокосово масло
Карамел:
- •250г свежи урми мерени без семка
- •100г путер од кикирики
- •100-150г печени несолени кикирики
Глазура:
- •150г црно чоколадо Happy
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
0 Comments