Стир фрај со пилешко
Чекори на подготовка
- Измешај ги сите состојки за сосот.
- Исецкај го зеленчукот и пилешкото. На една лажица масло испржи го пилешкото со сол, бибер, Дафинка и малку лук во прав. Кога ќе биде готово префрли го во тањир.
- Во истото тавче на 1 лажица масло испржи го зеленчукот, ако го сакаш помек по потреба додади малку вода и покриј го со капак.
- Кога ќе биде пропржен зеленчукот, стави индиски ореви, додади го пилешкото и на крај сосот. Мешај додека сосот се згусне.
- Сервирај со долгозрнест ориз.
Намирници
- • 500г пилешки стек исечен на помали ленти
- • 1 поголема брокула
- • 2 пиперки
- • 1 црвен кромид
- • сол бибер
- • Дафинка зачин
- • зачин за пилешко лук во прав
- • 100г индиски ореви сирови
За сос:
- • 1 лажица густин измешана со 1 лажица вода
- • 3-4 лажици соја сос
- • 1/4 чаша вода 60мл
- • 1/4 чаша мед 60мл
- • лук во прав
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
0 Comments