Протеински чизкејк коцки

by | Мар 29, 2024 | 0 comments

Дел од денот: доручек
Тип: останато
Teжина: лесно
Време: 30 - 60 мин.

Протеински чизкејк коцки

Ана Марија Кузмановска
Еден од моите омилени и лесни десерти.
подготовка 10 minutes
готвење 30 minutes
вк. време 40 minutes
порции 9

Чекори на подготовка
 

  • -Измешајте ги сите состојки за базата и половина распоредете ја рамномерно во сад за печење 20х20цм.
  • Рачно изматете ги јајцата и грчкиот јогурт, па потоа додадете ги другите состојки за филот. Пазете да нема грутки. Рамномерно распоредете ја смесата во садот. Додадете мармалад или свежо овошје и другата половина од базата изронете ја од горе.
  • Печете во загреана рерна на 160°С околу 30 мин или додека не се стегне смесата.
  • Сервирајте оладено.

Намирници
  

  • БАЗА
  • • 100г мелени овесни снегулки
  • • 100г Деспина колачиња
  • • 100г кокосово масло
  • • по потреба 1-2 лажици млеко
  • .
  • ФИЛ
  • • 300г грчки јогурт
  • • 3 лажици мед/шеќер од урми
  • • 3 лажици густин
  • • 3 јајца
  • • ванилин екстракт
  • .
  • Додаток
  • • мармалад или свежо овошје по желба
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рејтинг