Крем туна салата со наут
Совршен протеински ручек готов за 5 минути.
Чекори на подготовка
- Исецкајте ги додатоците.
- Испасирајте го наутот со вилушка или во сецко.
- Додадете ја исцедената туна и останатите состојки и убаво промешајте.
- Сервирајте со тостирано лепче, тортиља или јадете ја само така.
Намирници
- 1 конзерва туна
- пола конзерва наут
- 1 лажица сенф
- полна лажица посен мајонез или павлака
- 3 лажици сецкани маслинки
- 1 младо кромидче
- 2-3 исецкани кисели краставички
- 1 лажица семки по желба
- сол и бибер по желба
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
0 Comments