Баклава со крем од ф’стак
Мислам дека го имаме победникот во баклавите - ова е лудило! 🤩
Чекори на подготовка
- Соединете го кремот заедно со мелените ореви.
- Земете една кора, попрскајте ја со маслото и ставете врз неа друга кора. Од филот со лажичка распоредете најдоле и превиткајте надолго.
- Корите редете ги во намрсена тава.
- Исечете ги на коцки и ставете ги да се печат на 200С околу 30 минути.
- Во меѓувреме, подгответе го шербетот.
- Откако ќе ја испечете баклавата, оставете ја 20 минути да олади, па потоа прелијте ја со шербетот. Вака оставете ја 4-5 часа.
Намирници
- 500 г кори за баклава
- 350 г крем од ф’стак Витаминка
- 200 г мелени ореви
- Сончогледово масло за попрскување Брилијант
За шербет:
- 500 мл вода
- 600 г шеќер
- 1 ванилин шеќер Витаминка
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
0 Comments