Посно тавче гравче
Забелешки
Потребни намирници:
- 400 гр грав
- една поголема главица кромид
- зачин Дафинка
- сол
- црн пипер
- црвен пипер
- суво нане
- масло Брилијант
Начин на подготовка:
Најпрво го миеме гравот и го оставаме да кисне преку ноќ. Потоа го ставаме да се вари во поголемо количество вода во која додаваме и цел кромид. Гравот се вари минимум 2 часа, а откако ќе се свари, го тргаме тенџерето настрана и во тавче ставаме масло за јадење да се загрее.
Кромидот го сечкаме на ситни коцки, или ако имате сечко, исечете го во него. Го ставаме да се пропржи во загреаното масло, а откако ќе се пропржи, додаваме 2 големи лажици црвен пипер. Смесата од тавата ја додаваме во свареното гравче и убаво промешуваме и зачинуваме, една-две лажици мешан зачин, сол и црн пипер. А на самиот крај, по желба додаваме и малку суво нане - овој зачин на целото гравче ќе му даде посебен шмек.
Зачинетото гравче го ставаме во плех и во рерна на печење убаво да искрчка. Откако ќе искрчка тавче-гравчето, го сервираме по наша желба.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
0 Comments