Крцкава пилешка салата
Забелешки
- Потребни состојки:
• 500г пилешки стек
• 4-5 кисели краставици
• 100г печени лешници
• 50г сусам
• 300г павлака (по потреба повеќе)
• 1/2 тегла Витанез
• сенф
• сол,бибер Постапка:
Сварете го стекот и исцепкајте го со вилушка или миксер.
Исецкајте ги киселите краставички и лешниците.
Потпечете го сусамот.
Убаво измешајте ги сите состојки.
Салатата е најубаво да отстои во фрижидер неколку часа пред да се сервира.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
0 Comments