Aмерикански палачинки
Забелешки
Најдобрите моменти во животот се едноставни – како топли палачинки директно од тавата! 😍 Еве го нашиот лесен и проверен рецепт за совршено меки палачинки:
• 2 шолји брашно
• 2 шолји млеко
• 3 јајца
• 1 ванилин шеќер
• малку цимет по желба
• малку пециво
• прстофат сол
• 1 лажица Брилијант масло за готвење
.
Се делат белките од жолчките. Белките со малку сол се матат до формирање на цврст снег. Во друг сад се матат сите други состојки и потоа во нив се додаваат белките. Внимателно се меша.
.Палачинките се печат на средна температура во нелепливо тавче со малку масло. Финално се премачкуваат со највкусните Луна премиум кремови на Витаминка и се декорираат по желба.
На здравје!
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
0 Comments