Учествувај во кулинарскиот предизвик!

Драги љубители на готвењето,


Ви подготвивме супер интересен кулинарски предизвик. Идејата е да се забавувате во готвењето, да уживате, комбинирате состојки на ваш начин и да го споделите тоа со останатите на нашата платформа. 

Доколку сакате да учествувате во кулинарските предизвици од Tastify ова се правилата кои треба да ги следите:

  1. Заследете го профилот на Tastify на инстаграм
  2. Регистрирајте се на оваа платформа и креирајте свој профил
  3. Згответе го тоа што се бара во предизвикот и прикачете фото или видео од зготвените рецепти
Овој кулинарски предизвик ќе се одвива три месеци, а нова тема за готвење се поставува на секои две недели. Секоја втора среда во месецот се поставува нов предизвик, според кој вие, нашите кулинари ќе треба да зготвите соодветен рецепт.

Рецептите ќе се објават на стори на Instagram профилот на Тastify.

Теми за мај:
од 21.5 – 27.5 бургери
од 28.5. до 3.6. – cheesecake
Теми за јуни:
од 12.6. до 18.6. – тестенини
од 26.6. до 2.7. – овошна салата/рецепт со овошје
Теми за јули:
од 5.7. до 22.7. – рецепт со риба
Bon appétit!