Постепено додаваме брашно и замесуваме тесто кое треб да не се лепи на рацете.
Тестото се дели на 10 топчиња.
Се остава тестото да одмори 10 мин.
Секое топче се сука со сукало за да се добие тенка кора.Се посипува брашно на кората секогаш кога ја сучите кората .
Кората се попрскува со масло и се става фил од праз.
Се мотка во ролна и се витка како полжав.
Се става во округла тепсија премачкана со маргарин.
Се сука втората кора на ист начин.
Питата одозгора се премачкува со масло за јадење.
Се пече на 200 ⁰ С 20 минути.
По печењето се попрскува со малку вода и се покрива со кујнска крпа.
Подготовка на филот :
5 страка праз се сецка и се пропржува на масло за јадење 15 минути. Се остава да се исцеди ( може филот да се подготви и порано )
Добар апетит !
Намирници
За тесто потребно е :
1кг. Брашно + 100 грза сукање на корите
500мл. Водамлака
Половина филџанче масло за јадење Витаминка
2лажичиња сол Витаминка
1лажиче шеќер
1лажиче сув квасец или половина свеж
50гр. Маргарин
Фил :
5страка праз малку зејтинсол по вкус
Забелешки
Филот за питата може да биде различен, изборот е ваш . Можете да испечете се одеднаш или направените пити може да ги замрзнете непечени, па по потреба да печете.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!