Чоко фантазија торта
Мартина Илова
Тортата ја нареков така бидејќи нејзиниот вкус е вистинска фантазија, а не ви одзема повеќе од 2 часа за подготовка.
подготовка 3 minutes mins
Сварете ги пудинзите со млекото, шеќерот и ванилиниот шеќер.
Изматете го маргаринот и шеќерот во прав. Додадете го и пудингот во филот и изматете убаво.
Во посебен сад изматете ја хоплата.
Растопете ја чоколадата за готвење.
Филот поделете го на 3 дела:
*Фил со растопена чоколада
*Фил со 1/2 хопла
*Фил со шеќер во прав и маргарин
Земете еден пандишпан, попрскајте го со млеко и ставете фил по желба. Редете наизменично. Врз филот со чоколада, ставете го слаткото.
Кога ќе го ставите последниот пандишпан, филувајте однадвор со останатата половина од хоплата.
Како декорација, изрендајте темна чоколада Happy и декорирајте одозгора.
Пред послужување, оставете ја на ладно место или фрижидер минимум 4 часа.
- 3 готови пандишпани
- 750 мл млеко
- 3 пудинзи Пастела Витаминка
- 3 лажици шеќер
- 1 ванилин шеќер Витаминка
- 250 г маргарин
- 200 г шеќер во прав Витаминка
- 500 мл хопла
- 100 г чоколада за готвење Витаминка
- 100 г слатко од вишна
За декорација:
- 1 темна чоколада Happy Витаминка