•Тавче/ калап со големина околу 20х25 cm, но може во какво било само формирајте го отприлика во тие димензии
-Свежите урми оставете ги да отстојат во топла вода 5-10 минути па излупете ги по желба и изблендирајте ги со путерот од кикирики за да добиете карамел.
-Комбинирајте ги и измешајте ги сите состојки за бисквитот и притиснете ја смесата во тавче.
- Ставете го карамелот врз бисквитот и потоа ставете ги кикириките.
-Оставете го сникерсот да се стегне малку во фрижидер пред да го нанесете чоколадото кое ќе го растопите на пареа или во микро.
Сникерсот може да го исечете на околу 15 парчиња и да го чувате во фрижидер или замрзнувач.
Намирници
Бисквит:
•150г мелени овесни снегулки
•130-150г мелени бадеми или други јатки
•100г стопен путер или кокосово масло
Карамел:
•250г свежи урми мерени без семка
•100г путер од кикирики
•100-150г печени несолени кикирики
Глазура:
•150г црно чоколадо Happy
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!