Крем пита со пудинг
Совет плус: Најдобро е крем питата да ја оставите во фрижидер преку ноќ, а потоа да ја послужите.
Чекори на подготовка
- Лиснатото тесто поделете го на два дела.
- Деловите исечете ги во форма на правоаголни кори.
- Едната кора пресечете ја на коцки, но не го пресекувајте тестото до крај.
- Тавата за печење премачкајте ја со путер или маргарин.
- Ставете ги корите и избоцкајте ги со виљушка на неколку места.
- Печете во загреана рерна на 220 степени за време од 10 до 15 минути, додека корите поруменат.
- Печените кори оставете ги да се изладат.
- Водата ставете ја во сад на оган на висока температура да се вари.
- Белките одделете ги од жолчките.
- Белките и жолчките ставете ги во два различни садови за матење.
- Во садот со жолчките додајте 10 лажици шеќери изматете со миксер за време од 3 до 4 минути.
- Потоа додајте 400 мл млеко и измешајте.
- Во длабока чинија ставете ги пудинзите,шлаг кремот од ванила и брашното.
- Измешајте со лажица.
- Смесата со пудинзите додајте ја во садот со жолчките и кратко изматете со миксер.
- Во садот со белките додајте 4 лажици шеќери изматете ги со миксер за да добиете густ шлаг.
- Желатинот ставете го во 50 мл ладна вода.
- Оставете го да набабри.
- Во зовриената вода додајте го преостанатото млеко.
- Штом зоврие додајте ја смесата со жолчки и пудинг.
- Варете за време од 4 до 5 минути додека се добие густ крем.
- Потоа додајте ги изматените белки и измешајте за да се соедини филот.
- Тенџерето тргнете го од огнот, додајте го желатинот и мешајте додека се растопи.
- Во тавата со целосната кора од лиснато тесто ставете го топлиот фил.
- Оставете да се излади.
- На крај додајте ја кората од лиснато тесто пресечена на коцки.
- Исечете парчиња, наросете ги со шеќер во прав и послужете ги веднаш.
- Уживајте во светот на вкусовите со Витаминка!
Намирници
- 500 г лиснато тесто
- 4 јајца
- 14 лажици шеќер
- 1 л млеко
- 1 л вода
- 3 ќесички прашок за пудинг од ванила
- 1 ќесичка шлаг крем од ванила од Витаминка
- 6 лажици брашно
- 2 ќесички желатин
- шеќер во прав за наросување од Витаминка.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
0 Comments