Чоколаден чизкејк во чаша – кремаст десерт
Чекори на подготовка
- Бисквитите Деспина ставете ги во сечко или иситнете ги со ролање со помош на сукало.
- Потоа,ставете ги во сад и измешајте ги убаво со претходно стопениот путер.
- Оставете 2 до 3 лажици од смесата за декорација,а остатокот распоредете го подеднакво во чашите или на дното на калап бр.18, со обрач кој се отстранува ако решите да правите чизкејк во форма на торта.
- Ставете ги чашите или калапот во замрзнувач, 30 минути.
- За првиот, чоколаден слој, стопете ја какао таблата за торти и колачи на пареа и оставете неколку минути да се излади.
- Во сад ставете го крем сирењето и изматете го со миксер заедно со шеќерот во прав.
- Додајте прстофат сол, па екстрактот од ванила и стопената какао табла и измешајте со шпатула.
- На крај, изматете ја слатката павлака, со миксер додека се формираат „врвови“ или траги.
- Додајте ја во чоколадната смеса, измешајте со шпатулата, па распоредете ја смесата врз основата.
- Или ако како и јас, сакате да добиете поинтересен изглед, ставете го прво чоколадниот слој, па по 30 минути во замрзнувач и слојот од слатката павлака одделно.
- Како и да одлучите, измеѓу секој слој, ставајте ги чашите или калапот во замрзнувач 30 минути до 1 час.
- За вториот слој, со путер од кикирики, во сад ставете го крем сирењето и изматете го со миксер заедно со шеќерот во прави екстрактот од ванила.
- Во друг сад, затоплете го путерот од кикирики, за подобро да се распредели во смесата и измешајте.
- Изматете ја слатката павлака, со миксер додека се формираат „врвови“ или траги.
- Додајте ја во садот со крем сирењето и измешајте со шпатула, па распоредете ја смесата врз чоколадниот слој.
- Ставете ги чашите или калапот во замрзнувач, 30 минути до 1 час.
- Најгорниот слој е чоколаден ганаш.
- Какао таблата исечкајте ја, а слатката павлака загрејте ја на тивок оган и не дозволувајте да зоврие.
- Измешајте убаво и откако смесата ќе се соедини,оставете да одмори 3 минути.
- Убаво распределете ја по површината на калапот или рамномерно во секоја чаша.
- Наросете од претходно оставените Деспина бисквити со путер од основата.
- Ставете ги чашите или калапот во замрзнувач, 30 минути до 1 час.
- На крај, декорирајте со помош на шприц или по желба со изматена кремаста слатка павлака и чоколадни срца.
- Чоколадните срца направете ги од стопена какао табла, која сте оставиле 2 до 3 минути да се лади, а потоа ставете во најлонскаќеса, исечете мал отвор и нацртајте срца врз хартија за печење.
- Оставете ги барем 30 минути да се здрват и уживајте во декорацијата и моментот!
Намирници
Основа:
- 150 г бисквити Деспина интегрален кекс со овесни снегулки
- 100 г стопен путер
Слој1 – чоколаден:
- 120 г какао табла за торти и колачи од Витаминка
- 200 г крем сирење
- 30 г (¼чаша) шеќер во прав од Витаминка
- прстофатсол
- ½ лажиче екстракт од ванила
- 60 мл (¼чаша) слатка павлака
Слој 2 – со путер од кикирики:
- 200 г крем сирење
- 60 г (½ чаша) шеќер во прав од Витаминка
- ½ лажиче екстракт од ванила
- 90 г затоплен путер од кикирики
- 60 мл (¼ чаша) слатка павлака
Слој 3 – чоколаден ганаш:
- 130 г сечкана какао табла за торти и колачи од Витаминка
- 110 мл (⅓ чаша) слатка павлака.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
0 Comments