Едноставен и брз рецепт за похувани пилешки прсти
Чекори на подготовка
- Пилешките прсти измијте ги и сварете ги.
- Лукот излупете го, исечкајте го и изгмечете го.
- Во сад подгответе мешавина од зачини.
- Ставете ги претходно припремениот лук, карито,мелениот црн пипер, Дафинка мешаниот зачин и зачинот за пилешко.
- Потоа,пилешките прсти добро истријте ги со подготвената мешавина од зачини за добро да се распореди вкусот.
- Секој од од нив извалкајте го прво во брашно,па во изматените јајца и на крај во лебните трошки.
- Така припремените пилешки пртси пржете ги во загреано Брилијант масло додека поруменат.
- Похуваните пржени прсти извадете ги на решетка или врз кујнска хартија за да се исцедат од вишокот масло.
- Послужете ги додека се топли со прилог од помфрит,кечап, сос за скара и салата.
- На здравје!
Намирници
- пилешки прсти по потреба
- 3 јајца (по потреба зголемете ја дозата)
- лебни трошки по потреба
- брашно по потреба
- Дафинка мешан зачин по вкус
- 4 чешниња лук
- кари од Витаминка по вкус
- прстофат зачин за пилешко од Витаминка
- Брилијант масло по потреба за пржење
- мелен црн пипер по вкус.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
0 Comments