Посна крем салата со наут

by | Ное 2, 2022 | 0 comments

 

Дел од денот: ручек
Тип: посно
Teжина: средно
Време: 15 - 30 мин.

Посна крем салата со наут

Tastify
Неколку начини да ја послужите салата:
Салатата може да ја послужите во корпици од тестоили врз омилените крекери.
Одлично се вклопува и на парче леб со марула.
Може да направите врап (сендвич), така што салатата поставете ја врз листови марула, а потоа заролајте ги.
Бидете креативни и послужете ја врз подебели парчиња краставица, пиперки или тиквички…
подготовка 15 minutes
готвење 10 minutes
порции 2

Чекори на подготовка
 

  • Наутот исцедете го и исплакнете го.
  • Ставете го во длабок сад.
  • Со помош на виљушка изгмечете го до саканата конзистентност.
  • Кромидот ситно исечкајте го и додајте го во садот со наут.
  • Додајте ги сокот и кората од лимон и измешајте.
  • Потоа додајте ги сечканиот целер, Витанезоти зачинете со морска сол, црн бибер и каенска пипер.
  • Убаво измешајте за состојките да се соединат.
  • Салатата декорирајте ја со гранчиња копар и послужете ја ладна или на собна температура.
  • Уживајте во светот на вкусовите!

Намирници
  

  • 1 конзерва (400 г) наут
  • сок и рендана кора од ½ лимон
  • ¼– ⅓ чаша стебла од целер
  • ¼ чаша црвен кромид
  • ¼– ½ лажичка лук во прав
  • морска сол и мелен црн бибер од Витаминка
  • каенски пипер по вкус.

По желба може да се додаде:

  • кисели краставички
  • 1 лажица чиа семе
  • кршени алги нори.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рејтинг