Свежа салата со пченка и зеленчуци

by | Ное 2, 2022 | 0 comments

 

Дел од денот: вечера
Тип: останато
Teжина: лесно
Време: 15 - 30 мин.

Свежа салата со пченка и зеленчуци

Tastify
подготовка 10 minutes
готвење 10 minutes
порции 2

Чекори на подготовка
 

  • Најпрво сварете ја пченката додека омекне, а потоа исцедете ја и оставете ја да се излади.
  • Шери доматчињата или доматите измијте ги,па пресечете ги на парчиња.
  • За поинтересен изглед, ако станува зборза големи домати, предлагаме да ги исечете на коцки.
  • Краставицата измијте ја и исто така исечете ја на коцки.
  • Кромидот излупете го и поситно исечкајте го.
  • Додајте сол и Брилијант масло со омега 3 по вкус,промешајте и на крај сервирајте со сечкани ливчиња од неколку гранчиња магдонос.
  • На здравје и уживајте во светот на вкусовите!

Намирници
  

  • 1 чаша варена и исцедена пченка
  • 8-10 шери доматчиња или 1-2 домати зависно од големината
  • 1 краставица
  • 1 главица црвен кромид
  • неколку гранчиња магдонос
  • сол по вкус
  • Брилијант масло со омега 3 по вкус.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рејтинг