Едноставен и брз рецепт за похувани пилешки прсти
Чекори на подготовка
- Пилешките прсти измијте ги и сварете ги.
- Лукот излупете го, исечкајте го и изгмечете го.
- Во сад подгответе мешавина од зачини.
- Ставете ги претходно припремениот лук, карито,мелениот црн пипер, Дафинка мешаниот зачин и зачинот за пилешко.
- Потоа,пилешките прсти добро истријте ги со подготвената мешавина од зачини за добро да се распореди вкусот.
- Секој од од нив извалкајте го прво во брашно,па во изматените јајца и на крај во лебните трошки.
- Така припремените пилешки пртси пржете ги во загреано Брилијант масло додека поруменат.
- Похуваните пржени прсти извадете ги на решетка или врз кујнска хартија за да се исцедат од вишокот масло.
- Послужете ги додека се топли со прилог од помфрит,кечап, сос за скара и салата.
- На здравје!
Намирници
- пилешки прсти по потреба
- 3 јајца (по потреба зголемете ја дозата)
- лебни трошки по потреба
- брашно по потреба
- Дафинка мешан зачин по вкус
- 4 чешниња лук
- кари од Витаминка по вкус
- прстофат зачин за пилешко од Витаминка
- Брилијант масло по потреба за пржење
- мелен црн пипер по вкус.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
Превкусни пилешки прсти кои се едностсвни за подготовка со убава мешавина на зачини имаат посебен шмек.И моите деца ги обожаваат и сами си ги подготвија по вашиот рецепт. Пробано и одсега често ќе си ги подготвуваат. Благодарам.😊👌🍻