Посна крем чорба од зеленчук и брокула
Чорба од брокула
Чекори на подготовка
- На средна температура, загрејте малку масло во тенџере. Додајте ги кромидот лукот и пржете го околу 5 минути, додека да омекнат.
- Додадете ги исечените компири, брокулата, пиперките. Пржете ги сите заедно околу 5 минути.
- Додадете вода и коцки за супа во тенџерето. Оставете да се се вари сѐ додека да омекне зеленчукот
- Кога сѐ ќе биде меко и сварено, зачинете со сол, бибер.
- Со вилушка, смачкајте дел од зеленчукот, па ставете крем и оставете да се готви дополнителни 2 минути, додека да добие кремаста текстура.
- Сервирајте ја крем чорбата топла и уживајте!
Намирници
Состојки:
- 1 голем брокула исечена на парчиња
- 2 средни компири исечени на парчиња
- 1 главица кромид исечена на парчиња
- 1 чешне лук ситно исечкано
- 2 пиперки исечени на ситни парчиња
- ситни сечкан магдонос
- 1, 5 л вода
- 2 коцки за супа зеленчукова
- сол и бибер
- сончогледово масло
- крем од растително потекло овес, соја
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
0 Comments