Тирамису со крем од ф'стак
Познатиот италијански рецепт, со пишкоти потопени во кафе, ние го збогативме со Луна Премиум крем од ф’стак. 🤩Рецептот ти е тука, пробај го и изненади ги сите!
Забелешки
За денес, Тирамису… но, со мал twist! 😏
Познатиот италијански рецепт, со пишкоти потопени во кафе, ние го збогативме со Луна Премиум крем од ф’стак. 🤩
Рецептот ти е тука, пробај го и изненади ги сите!
- 40 мл еспресо
- 200 мл топло млеко
- 2 лажички шеќер
- 4 жолчки
- 30 гр шеќер
- 500 гр сирење маскарпоне
- 200- 250гр Луна премиум крем со ф'стаци
- 2 пакувања пишкоти од 1 ред
- 200 мл слатка павлака
-Топстер од чоколадо за декорација
Постапка:
1. Жолчките и 30гр шеќер се матат со жица за матење. Тенџерето префрлете го на шпорет и варете на пареа околу 10 минути со постојано мешање.
2. Покријте ја смесата со фолија и оставете ја на страна да се излади целосно.
3. Потоа сварете го кафето, истурете го во плиток сад, додадете млеко, 2 лажички шеќер и една лажичка ликер. Измешајте сè.
4. Потопете ги колачињата кратко во кафе и наредете ги во керамички или огноотпорен сад. Садот може да биде која било средна големина. Ако остане малку кафе, можете да го прелиете врз бисквитите.
5. Со миксер се матат сирењето маскарпоне и изладената смеса од жолчки. Потоа додадете го кремот со ф'стаци и изматете кратко, колку да се соедини.
6. Павлаката изматете ја, па на крајот полека додадете ја во филот.
7. Над пишкотите рамномерно распоредете го филот и декорирајте по ваша желба.
8. На крајот, покријте го садот со алуминиумска фолија и ставете го во фрижидер преку ноќ.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
0 Comments