Салата со крцкава леќа• 1 чаша Дафинка леќа • марула • 1 благ компир • Фета сирење • магдонос • Дафинка зачинДресинг• 1/4 чаша масло • 2 лажици таан • 1 лажичка Дафинка зачин • малку бибер • мед по вкусСварете ја леќата и исецкајте го благиот компир. Загрејте ја рерната на 200°С. На тавче обложено со хартија за печење ставете ја сварената и исцедената леќа и благиот компир. Зачинете со Дафинка зачин и печете кратко за леќата да стане крцкава и благиот компир да се зготви.Додека се печат, исецкајте го магдоносот и салатата и направете го дресингот со мешање на сите состојки. На крај, комбинирајте ги сите состојки за салатата.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!