Сарма со месоСостојки:-1 поголема кисела зелка -3 главици кромид -100 мл Брилијант -250 гр ориз -900 гр мелено месо -1 лажица зачин -1 лажица бибер од Витаминка -1 лажица мелен црвен пипер -3 ловоров лист -неколку зрна бибер од Витаминка -1-2 лажици свинска маст -Малку пушена сланина или месоПостапка:Од зелката се двојат листовите и се отстранува тврдиот дел.Фил:Се сецка ситно кромидот, се додава во тава со маслото за готвење, се пржи дури да омекне кромидот, се додава меленото месо и се пржи заедно. Кога месото ке се испржи се додава оризот и се додаваат зачинот, биберот и мелениот црвен пипер.Потоа се зема лист од зелката и 1 лажица од филот, сармите се виткаат и се редат во подлабоко тенџере.Кога ке се завиткаат сите сарми се додаваат 3-4 ловорови листови и малку бибер во зрно и 1-2 лажици свинска маст.Тенџерето се покрива со цели листови од зелка и се прелива со вода и се пече 4-5 часа.На крај во тава се става малку Брилијант масло за готвење, се загрева и се става 1 лажица мелен црвен пипер, а потоа запршката се истура врз сармата.Тенџерето со сарми се става во загреана рерна да се потпече околу 30 минути.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!