Во подлабок сад ставете ги претходно измиените компири и варете ги нелупени.
Оставетеги кратко да се изладат, а потоа излупете ги и исечете ги на помали коцки.
Празот измијте го, исчистете го и исечкајте го на ситни парчиња.
Посолетего по вкус и малку изгмечете го со рацете,па додајте го во садот со компирите.
Додајте 200 г посен мајонез и црн бибер по вкус.
Убаво измешајте
Подготвената салата сервирајте ја и декорирајте ја со свеж магдонос по желба.
Уживајте во светот на вкусовите!