Најпрво исечкајте го путерот на мали коцки и ставете го во фрижидер.
Треба да е ладен кога ќе го додадете во оризот.
Во длабока тава на оган на средна температура ставете го оризот и пропржете го неколку минути со постојано мешање.
Во тавата додајте го белото вино.
Откако ќе зоврие, додајте и дел од бујонот.
Бујонот треба во целост да го прекрие оризот.
Оставете го оризот да се вари на ниска температура со повремено мешање за да не се залепи на дното.
Постепено додавајте од бујонот, додека се свари оризот.
Посолетего по вкус и додајте ја куркумата, па добро измешајте.
Рижотото не треба да биде ни премногу лепливо,ни течно, туку треба да добие кремаста конзистенција.
Откако рижотото е готово исклучете го шпоретот и додајте ги ренданиот пармезан,маслиновото масло, ренданата кора од лимон и коцките ладен путер.
Добро измешајте додека се хомогенизираат сите состојки со рижотото.
Вака подготвеното рижото со куркума сервирајтего во чинија и поросете го со магдонос,оригано или друг свеж зачин по желба.
На здравје!