Сувите кајсии прелијте ги со вода и оставете ги да отстојтат преку ноќ.
Хидрираните кајсии исечкајте ги со помош на сечко.
Потоа додајте ги овесните снегулки, кокосот,медот, чиа семето и кокосовото масло.
Убаво измешајте со лажица за да се соединат состојките.
Смесата оставете ја во фрижидер 15-20 минути.
Откако смесата ќе се здрви, земајте по малку и формирајте топчиња со големина по ваша желба.
Формираните бомбици веднаш валајте ги во поголема количина кокос во подлабок сад.
Тоа е тоа, лесно и едноставно.
Уживајте во светот на вкусовите!