Козињак со чоколаден крем

by | Окт 31, 2022 | 0 comments

 

Дел од денот: доручек
Тип: останато
Teжина: средно
Време: над 60 мин.

Козињак со чоколаден крем

Tastify
подготовка 30 minutes
готвење 2 hours 30 minutes
порции 10

Чекори на подготовка
 

  • Во длабок сад ставете го квасецот и додајте една мала лажичка шеќер, една лажица брашно и малку млака вода.
  • Измешајте со лажица и оставете го квасецот да се активира и нарасне за време од 10 минути.
  • Во сад за месење ставете ги јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер.
  • Изматете ги со жица за матење.
  • Потоа додајте ги маслото, млекото, нараснатиот квасец, кората од лимон и румот.
  • Измешајте со жицата.
  • Постепено додавајте го брашното и замесете тесто.
  • На крајот додајте го растопениот путер и продолжете со месење уште 2 до 3 минути.
  • Со помош на рацете од тестото формирајте правоаголна кора.
  • Кората премачкајте ја со Брилијант масло и преклопете ги два краеви кон внатрешноста,така што треба да добиете форма на квадрат.
  • Повторно премачкајте со Брилијант масло и краевите преклопете ги кон внатрешноста, за да добиете правоаголник.
  • Повторно со помош на рацете развлечете кора,премачкајте ја со Брилијант и преклопете ги краевите – повторете ја постапката од чекор 4.
  • На крај тестото формирајте како топка,ставете го во садот за месење и покријте го со кујнска крпа.
  • Оставете го двојно да нарасне за време од 20-30 минути.
  • Потоа,кратко измесете го тестото во садот и оставете го повторно да нарасне за време од 1 час.
  • Нараснатото тесто поделете го на два дела.
  • Секој дел поделете го на 3 или 4 дела и со помош на рацете исучете ленти.
  • Со помош на прстите, лентите развлечете ги додека постигнат ширина од 5-6 см.
  • Во средината на лентите ставете чоколаден Луна крем, а потоа затворете ги.
  • Од лентите сплетете плетенка.
  • Правоаголните калапи обложете ги со хартија за печење.
  • Во калапите ставете ги плетенките и оставете ги да нараснат за време од 30 минути.
  • Нараснатите плетенки премачкајте ги со изматено јајце и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени, за време од 10 до 15минути, а потоа намалете ја температурата на 170 степени и продолжете со печењето уште 25 до 30 минути.
  • Печените козињаци оставете ги кратко да се изладат, покриени со кујнска крпа.
  • Потоа извадете ги од калапите и повторно покријте ги со крпата до целосното ладење.
  • Послужете ги со чаша чај, млеко и Луна крем.
  • Уживајте во светот на вкусовите со Витаминка!

Намирници
  

  • 1 коцка свеж квасец
  • 125 г шеќер
  • 600 г брашно
  • 2 јајца
  • 1 ќесичка ванилин шеќер од Витаминка
  • 100 мл Брилијант масло
  • 125 мл млеко
  • кора од 1 лимон
  • 1 лажица рум
  • 30 г растопен путер или маргарин
  • 200-300 г чоколаден Луна крем
  • 1 јајце за премачкување.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рејтинг