Во длабок сад ставете го квасецот и додајте една мала лажичка шеќер, една лажица брашно и малку млака вода.
Измешајте со лажица и оставете го квасецот да се активира и нарасне за време од 10 минути.
Во сад за месење ставете ги јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер.
Изматете ги со жица за матење.
Потоа додајте ги маслото, млекото, нараснатиот квасец, кората од лимон и румот.
Измешајте со жицата.
Постепено додавајте го брашното и замесете тесто.
На крајот додајте го растопениот путер и продолжете со месење уште 2 до 3 минути.
Со помош на рацете од тестото формирајте правоаголна кора.
Кората премачкајте ја со Брилијант масло и преклопете ги два краеви кон внатрешноста,така што треба да добиете форма на квадрат.
Повторно премачкајте со Брилијант масло и краевите преклопете ги кон внатрешноста, за да добиете правоаголник.
Повторно со помош на рацете развлечете кора,премачкајте ја со Брилијант и преклопете ги краевите – повторете ја постапката од чекор 4.
На крај тестото формирајте како топка,ставете го во садот за месење и покријте го со кујнска крпа.
Оставете го двојно да нарасне за време од 20-30 минути.
Потоа,кратко измесете го тестото во садот и оставете го повторно да нарасне за време од 1 час.
Нараснатото тесто поделете го на два дела.
Секој дел поделете го на 3 или 4 дела и со помош на рацете исучете ленти.
Со помош на прстите, лентите развлечете ги додека постигнат ширина од 5-6 см.
Во средината на лентите ставете чоколаден Луна крем, а потоа затворете ги.
Од лентите сплетете плетенка.
Правоаголните калапи обложете ги со хартија за печење.
Во калапите ставете ги плетенките и оставете ги да нараснат за време од 30 минути.
Нараснатите плетенки премачкајте ги со изматено јајце и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени, за време од 10 до 15минути, а потоа намалете ја температурата на 170 степени и продолжете со печењето уште 25 до 30 минути.
Печените козињаци оставете ги кратко да се изладат, покриени со кујнска крпа.
Потоа извадете ги од калапите и повторно покријте ги со крпата до целосното ладење.
Послужете ги со чаша чај, млеко и Луна крем.
Уживајте во светот на вкусовите со Витаминка!