Лесен рецепт за посни пиварки со ореви

by | Окт 31, 2022 | 0 comments

 

Дел од денот: вечера
Тип: посно
Teжина: лесно
Време: 15 - 30 мин.

Лесен рецепт за посни пиварки со ореви

Tastify
подготовка 15 minutes
готвење 15 minutes
порции 35 парчиња

Чекори на подготовка
 

  • Во длабок сад за месење ставете ги брашното,прашокот за печиво, ванилиниот шеќер,прстофатот сол и сечканите или толчени ореви.
  • Измешајте.
  • Во садот додајте ги и течните состојки –пивото и Брилијант маслото.
  • Повторно измешајте ги и замесете тесто кое е убаво изедначено.
  • Од тестото оформете долга „векна“ и поделете на парчиња, а притоа планирајте големината на колачите да биде колку орев.
  • Од секое делче направете колаче.
  • Прво притиснете го и во средина ставете парче од јатка од орев, а потоа оформете топче.
  • Постапката повторувајте ја додека се потроши тестото.
  • Колачите редете ги во намрсена тава за печење или обложена со хартија за печење.
  • Печете во загреана рерна на 220 степени, за време од 15 до 20 минути, додека добијат румена боја и станат крцкави.
  • Додека колачите се испечат, направете го шербетот.
  • Во тенџере на оган ставете ги шеќерот,ванилиниот шеќер и водата да се варат.
  • Шербет отварете го 5 минути, а потоа додајте го лимоновиот сок и оставете го 3 до 5 минути за малку да се излади.
  • Неколку минути откако ќе ги извадите од рерната печените колачиња, топли, потопете ги во шербетот за време од 1 минута ако сакате да се покрцкави, или околу 2 минути ако сакате да се посочни.
  • Веднаш потоа наросете ги со мелени ореви или извалкајте ги во сад со мелените ореви.
  • Уживајте во светот на вкусовите!

Намирници
  

За колачи:

  • 550 г брашно
  • 1 ќесичка прашок за печиво од Витаминка
  • 1 ќесичка ванилин шеќер од Витаминка
  • прстофат сол
  • 200 мл Брилијант масло
  • 200 мл пиво
  • ½ чаша сечкани или толчени ореви
  • парчиња од јатки орев, по потреба за во секое колаче.

За прелив:

  • 1 и ½ чаша шеќер (или 300 грама)
  • 1 и ½ чаша вода (или 300 мл)
  • 1 ќесичка ванилин шеќер од Витаминка
  • цеден сок од половина лимон

За посипување:

  • 100 г мелени ореви.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рејтинг