Во длабок сад за месење ставете ги брашното,прашокот за печиво, ванилиниот шеќер,прстофатот сол и сечканите или толчени ореви.
Измешајте.
Во садот додајте ги и течните состојки –пивото и Брилијант маслото.
Повторно измешајте ги и замесете тесто кое е убаво изедначено.
Од тестото оформете долга „векна“ и поделете на парчиња, а притоа планирајте големината на колачите да биде колку орев.
Од секое делче направете колаче.
Прво притиснете го и во средина ставете парче од јатка од орев, а потоа оформете топче.
Постапката повторувајте ја додека се потроши тестото.
Колачите редете ги во намрсена тава за печење или обложена со хартија за печење.
Печете во загреана рерна на 220 степени, за време од 15 до 20 минути, додека добијат румена боја и станат крцкави.
Додека колачите се испечат, направете го шербетот.
Во тенџере на оган ставете ги шеќерот,ванилиниот шеќер и водата да се варат.
Шербет отварете го 5 минути, а потоа додајте го лимоновиот сок и оставете го 3 до 5 минути за малку да се излади.
Неколку минути откако ќе ги извадите од рерната печените колачиња, топли, потопете ги во шербетот за време од 1 минута ако сакате да се покрцкави, или околу 2 минути ако сакате да се посочни.
Веднаш потоа наросете ги со мелени ореви или извалкајте ги во сад со мелените ореви.
Уживајте во светот на вкусовите!