Американски колачиња со чоколадо

by | Ное 2, 2022 | 1 comment

 

Дел од денот: доручек
Тип: останато
Teжина: тешко
Време: 15 - 30 мин.

Американски колачиња со чоколадо

Tastify
Сакате да приготвите вкусни и брзи американски колачиња? Вие сте на вистинското место за да откриете како може да направите крцкави колачиња со чоколадо кои одземаат малку време за подготовка.
Направени со кафеав шеќер, интегрално брашно и сода без алуминиум ќе ги задоволат вкусовите на целото семејство. Послужени со чаша млеко се одличен избор за слатка ужина или појадок!
Идеја плус: Ако обожавате американски колачиња,а немате време за подготовка или кулинарско искуство, ви предлагаме да си набавите чајни колачиња Cookies од Витаминка. Достапни се со повеќе вкусовии тоа: чоколадни парчиња и кора од портокал, со кокос, со чоколадни парчиња и кикиритки, со млеко и чоколадни парчиња,со чоколадни парчиња и со кокос и чоколадни парчиња.
подготовка 10 minutes
готвење 15 minutes
порции 24 колачиња

Чекори на подготовка
 

  • Во длабок сад ставете ги шеќерот, кафеавиот шеќер, путерот, ванилата и јајцето.
  • Во друг сад ставете брашното, содата бикарбона, какаото, солта и измешајте ги.
  • Смесата со брашно додајте ја во садот со шеќерот и јајцето.
  • Синтагма чоколадото исечкајте го на мали коцки и додајте го во садот со брашното и јајцето.
  • Измешајте ги состојките додека добиете хомогена смеса.
  • Тавата обложете ја со хартија за печење.
  • Со помош на лажица земајте од смесата и формирајте колачиња со кружна форма.
  • Колачињата ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 190 степени за време од 8 до 10 минути.
  • Печените колачиња треба да имаат кафеава боја,а во средината да бидат меки.
  • Колачињата оставете ги кратко да се изладат, а потоа отстранете ги од хартијата и наредете ги врз кујнска решетка за да се изладат целосно.
  • Готовите американски колачиња послужете ги со чаша млеко или кафе и уживајте во светот на вкусовите!

Намирници
  

  • ¾ чаши шеќер
  • ¾ чаши кафеав шеќер
  • 1 чаша омекнат путер или маргарин
  • 1 ќесичка ванилин шеќер од Витаминка
  • 2 чаши интегрално брашно
  • 1 лажичка сода бикарбона без алуминиум од Витаминка
  • 1 лажичка морска сол
  • 1 лажица какао
  • 200-350 г Синтагма какао крем за торти (чоколадо за готвење).
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!

1 Comment

  1. Cvetanka

    Super SE😘

    Reply

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рејтинг