Во длабок сад ставете ги шеќерот, кафеавиот шеќер, путерот, ванилата и јајцето.
Во друг сад ставете брашното, содата бикарбона, какаото, солта и измешајте ги.
Смесата со брашно додајте ја во садот со шеќерот и јајцето.
Синтагма чоколадото исечкајте го на мали коцки и додајте го во садот со брашното и јајцето.
Измешајте ги состојките додека добиете хомогена смеса.
Тавата обложете ја со хартија за печење.
Со помош на лажица земајте од смесата и формирајте колачиња со кружна форма.
Колачињата ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 190 степени за време од 8 до 10 минути.
Печените колачиња треба да имаат кафеава боја,а во средината да бидат меки.
Колачињата оставете ги кратко да се изладат, а потоа отстранете ги од хартијата и наредете ги врз кујнска решетка за да се изладат целосно.
Готовите американски колачиња послужете ги со чаша млеко или кафе и уживајте во светот на вкусовите!