Американски палачинки со интегрално брашно

by | Ное 2, 2022 | 1 comment

 

Дел од денот: доручек
Тип: останато
Teжина: средно
Време: 15 - 30 мин.

Американски палачинки со интегрално брашно

Tastify
Сте размислувале како да направите оброк со кој нема да ги зголемите килограмите,а сепак да биде вкусен за јадење? – Tука се американските палачинки со интегрално брашно кои можете да ги комбинирате по ваш вкус.
Доаѓа летото и секој би сакал да ужива во храната, а притоа да биде фит. Затоа,овој период треба да се прават мудри избори и да се посегне по пониско калорична, но нутритивно богата храна.А такви се и овие палачинки, направени од интегрално брашно и без шеќер. Пробајте и уживајте!
подготовка 10 minutes
готвење 15 minutes
порции 6 парчиња

Чекори на подготовка
 

  • Во подлабок сад измешајте ги сите суви состојки (брашното, солта, зачините и содата бикарбона).
  • Во друг сад ставете ги јајцата, Брилијант омега -3 маслото, млекото и медот.
  • Измешајте убаво со жица за матење.
  • Во садот со сувите состојки додајте ја смесата со јајцата и млекото.
  • Измешајте со жицата за да се соединат состојките.
  • Смесата оставете ја да отстои за време од 15 до 20 минути.
  • Тавата за палачинки намрсете ја со малку масло и добро загрејте ја.
  • Со помош на лажица земете од смесата и формирајте палачинка.
  • Печете околу минута и пол на едната страна, или додека забележите меурчиња по површината на палачинката.
  • Потоа,превртете ја палачинката на другата страна и продолжете со печењето уште 1 минута.
  • На втората страна печењето трае пократко.
  • Топлите палачинки сервирајте ги свежо овошје,мед и јаткасти плодови по желба.
  • Уживајте во светот на вкусовите!

Намирници
  

  • 140 г интегрално брашно
  • 2 јајца
  • 250 мл млеко
  • 2 лажици Брилијант омега 3 масло
  • 1 лажица мед или стевиа од Витаминка
  • 1 лажица сода бикарбона без алуминиум од Витаминка
  • ½ мала лажичка цимет од Витаминка
  • прстофат сол.

За прилог:

  • банана
  • јаворов сируп, мед или друг засладувач по желба
  • свежо или замрзнато овошје.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!

1 Comment

  1. Naume

    Super

    Reply

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рејтинг