Во подлабок сад измешајте ги сите суви состојки (брашното, солта, зачините и содата бикарбона).
Во друг сад ставете ги јајцата, Брилијант омега -3 маслото, млекото и медот.
Измешајте убаво со жица за матење.
Во садот со сувите состојки додајте ја смесата со јајцата и млекото.
Измешајте со жицата за да се соединат состојките.
Смесата оставете ја да отстои за време од 15 до 20 минути.
Тавата за палачинки намрсете ја со малку масло и добро загрејте ја.
Со помош на лажица земете од смесата и формирајте палачинка.
Печете околу минута и пол на едната страна, или додека забележите меурчиња по површината на палачинката.
Потоа,превртете ја палачинката на другата страна и продолжете со печењето уште 1 минута.
На втората страна печењето трае пократко.
Топлите палачинки сервирајте ги свежо овошје,мед и јаткасти плодови по желба.
Уживајте во светот на вкусовите!