Брза раванија со кокос

by | Ное 2, 2022 | 0 comments

 

Дел од денот: вечера
Тип: останато
Teжина: средно
Време: 15 - 30 мин.

Брза раванија со кокос

Tastify
Совети плус:
Во пандишпанот не мора да ставите 100 г кокос, убаво е и со 50-70 г, проверено ми е, но со кокосов кој го наведов, затоа што има полн вкус.
Декорацијата не е задолжителна, може да се изостави или да се менува по желба.
подготовка 15 minutes
готвење 30 minutes
порции 10 парчиња

Чекори на подготовка
 

  • Јајцата со шеќерот се матат со миксер додека се појави убава трага од маталките.
  • Во сад се мешаат сувите состојки – брашното,прашокот за печиво, ванилиниот шеќер и кокосот.
  • Во садот со јајцата се додаваат маслото и млекото, па се додаваат сувите состојки и се меша со лажица.
  • Тавата за печење (бр. 28 или 30) намрсете ја со масло и ставете тенок слој брашно.
  • Печете во загреана рерна на 180 степени, за време од 20-25 минути.
  • Оставете да се излади.
  • За шербетот, ставете ја водата да зоврие заедно со шеќерот колку да се стопи.
  • Изладениот пандишпан полевајте го рамномерно со лажица, со топол, но не врел шербет.
  • Декорирајте со кокос пред служење.
  • На здравје!

Намирници
  

  • 3 јајца
  • 12 лажици шеќер
  • 12 лажици брашно
  • 12 лажици Брилијант масло
  • 12 лажици млеко
  • 1 ќесичка прашок за печиво од Витаминка
  • 1 ќесичка ванилин шеќер од Витаминка
  • 100 г кокос од Витаминка

За шербет:

  • 600 мл вода
  • 400 г шеќер

За декорација:

  • 50 г кокос од Витаминка.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рејтинг