Јајцата со шеќерот се матат со миксер додека се појави убава трага од маталките.
Во сад се мешаат сувите состојки – брашното,прашокот за печиво, ванилиниот шеќер и кокосот.
Во садот со јајцата се додаваат маслото и млекото, па се додаваат сувите состојки и се меша со лажица.
Тавата за печење (бр. 28 или 30) намрсете ја со масло и ставете тенок слој брашно.
Печете во загреана рерна на 180 степени, за време од 20-25 минути.
Оставете да се излади.
За шербетот, ставете ја водата да зоврие заедно со шеќерот колку да се стопи.
Изладениот пандишпан полевајте го рамномерно со лажица, со топол, но не врел шербет.
Декорирајте со кокос пред служење.
На здравје!