Брзи пикник погачки – вкусни залчиња за целото семејство

by | Ное 2, 2022 | 0 comments

Дел од денот: ручек
Тип: останато
Teжина: средно
Време: 15 - 30 мин.

Брзи пикник погачки – вкусни залчиња за целото семејство

Tastify
подготовка 15 minutes
готвење 20 minutes
порции 4

Чекори на подготовка
 

  • Во сад ставете ги јајцата и изматете со виљушка.
  • Додајте ја изварката, павлаката, киселото млеко,Брилијант маслото, Витанезот, исечканите маслинки, зелените перца од младите лукчиња и изренданите моркови.
  • Убаво измешајте.
  • Во друг сад измешајте ги сите суви состојки.
  • Соединете ги двете смеси, па убаво измешајте за добро да се соедини смесата.
  • Во плех ставете хартија за печење и со помош на 2 лажици ставајте од смесата врз хартијата.
  • Не мора специјално да се трудите во оформувањето на погачките, бидејќи при печењето самите ќе се оформат.
  • За една погачка доволна ви е една полна супена лажица од смесата.
  • Печете ги во плех обложен со хартија за печење,во претходно загреана рерна на 250 степени,за време од 13-15 минути.
  • Уживајте во светот на вкусовите!

Намирници
  

  • 400 г изварка
  • 2 јајца
  • 100 мл кисела павлака
  • 4 лажици кисело млеко
  • 1 лажиче Витанез
  • 110 мл Брилијант масло
  • 2 полни лажици сечкани маслинки
  • 2 средно големи изрендани моркови
  • исечкани зелени перца од 4-5 млади лукчиња
  • 1 лажиче сол
  • 1/4 лажиче црн пипер од Витаминка
  • 1/2 лажиче прованса зачин – за замена може оригано
  • 2 лажички прашок за печиво од Витаминка
  • 1/2 лажичка сода бикарбона од Витаминка
  • грахам брашно по потреба (отприлика 4-5 лажици).

Совети плус за состојките:

  • Наместо зелени перца од лук, може да додадете малку лук во прав и да ставите 2-3 ливчиња спанаќ или блитва.
  • По желба, може да ставите бело, наместо интегрално брашно.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рејтинг