Во сад ставете ги јајцата и изматете со виљушка.
Додајте ја изварката, павлаката, киселото млеко,Брилијант маслото, Витанезот, исечканите маслинки, зелените перца од младите лукчиња и изренданите моркови.
Убаво измешајте.
Во друг сад измешајте ги сите суви состојки.
Соединете ги двете смеси, па убаво измешајте за добро да се соедини смесата.
Во плех ставете хартија за печење и со помош на 2 лажици ставајте од смесата врз хартијата.
Не мора специјално да се трудите во оформувањето на погачките, бидејќи при печењето самите ќе се оформат.
За една погачка доволна ви е една полна супена лажица од смесата.
Печете ги во плех обложен со хартија за печење,во претходно загреана рерна на 250 степени,за време од 13-15 минути.
Уживајте во светот на вкусовите!