Чоколадирани колачи со кокос
Чекори на подготовка
- Во мал сад на оган ставете ги слатката павлака, шеќерот, путерот, кокосовото масло и ванилиниот шеќер.
- Мешајте додека шеќерот и путерот се растопат.
- Во длабок сад ставете го кокосот и додајте ја смесата со течната павлака.
- Убаво измешајте за да се добие хомогена смеса.
- Врз кујнска даска ставете најлонска фолија и додајте ја смесата.
- Ставете уште еден слој фолија и израмнете со сукало.
- Формирајте правоаголна кора со дебелина 1,5-2 см.
- Смесата ставете ја во фрижидер за време од 20-30 минути.
- Со нож исечете правоаголни парчиња со големина по желба.
- Чоколадото растопете го во сад на пареа или микробранова печка.
- Додајте 2 лажици Брилијант масло и измешајте.
- Колачињата чоколадирајте ги и редете ги врз хартија за печење.
- Оставете го чоколадото кратко да се излади.
- Декорирајте ги со линии од растопено чоколадо или кокос.
- Готовите чоколадирани колачи со кокос послужете ги со топло кафе и уживајте во светот на вкусовите!
Намирници
- 200 мл слатка павлака
- 40 г шеќер
- 25 г путер
- 1 лажица кокосово масло (во замена може да се искористи путер)
- 1 ќесичка ванилин шеќер од Витаминка
- 200 г кокос од Витаминка
За глазура:
- 200 г Синтагма какао табла за торти (чоколадо за готвење)
- 2 лажици Брилијант масло.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
Vkusno,mmmm😉,,,👌