Во мал сад на оган ставете ги слатката павлака, шеќерот, путерот, кокосовото масло и ванилиниот шеќер.
Мешајте додека шеќерот и путерот се растопат.
Во длабок сад ставете го кокосот и додајте ја смесата со течната павлака.
Убаво измешајте за да се добие хомогена смеса.
Врз кујнска даска ставете најлонска фолија и додајте ја смесата.
Ставете уште еден слој фолија и израмнете со сукало.
Формирајте правоаголна кора со дебелина 1,5-2 см.
Смесата ставете ја во фрижидер за време од 20-30 минути.
Со нож исечете правоаголни парчиња со големина по желба.
Чоколадото растопете го во сад на пареа или микробранова печка.
Додајте 2 лажици Брилијант масло и измешајте.
Колачињата чоколадирајте ги и редете ги врз хартија за печење.
Оставете го чоколадото кратко да се излади.
Декорирајте ги со линии од растопено чоколадо или кокос.
Готовите чоколадирани колачи со кокос послужете ги со топло кафе и уживајте во светот на вкусовите!