Домашен џем од смокви

by | Ное 2, 2022 | 0 comments

 

Дел од денот: доручек
Тип: останато
Teжина: средно
Време: 30 - 60 мин.

Домашен џем од смокви

Tastify
подготовка 30 minutes
готвење 2 hours
порции 3 тегли

Чекори на подготовка
 

  • Смоквите измијте ги, тврдата кора отстранете ја,а потоа исечете на четвртини.
  • Ставете ги во подлабоко тенџере.
  • Лимонот измијте го и излупете го жолтиот дел од кората без бел слој.
  • Исчистениот лимон преполовете го и исцедете госокот.
  • Во садот со смоквите, додајте ги шеќерот и сокот од лимон.
  • Тенџерето покријте го со кујнска крпа и оставете ги смоквите да се маринираат 1 час на собна температура.
  • Во смоквите додајте ја кората од лимон и ставете го тенџерето на оган да се вари.
  • Откако ќе зоврие намалете ја температурата и варете уште 30 минути.
  • Повремено мешајте на 4-5 минути и отстранувајте ја пената од површината.
  • По половина час варење, отстранете ја кората од лимон.
  • Ако кората од смоквите не е распадната извадете ја и ситно исечкајте ја.
  • Смоквите изгмечете ги или испасирајте ги со рачен блендер.
  • Во садот додајте ги ванилиниот шеќер, румот и мелениот цимет.
  • Варете уште 15 минути.
  • Џемот е готов кога остава трага при мешањето.
  • Чистите тегли и капаци стерилизирајте ги 10 минути во загреана рерна на 150 степени.
  • Во теглите ставете од топлиот џем.
  • Притоа оставете околу 1 см под работ на теглата.
  • Затворете ги теглите и превртете ги наопаку 5-10 минути.
  • Потоа, вратете ги во нормалната позиција,ставете ги во исклучената рерна или завиткајте ги во ќебе и оставете ги постепено да се изладат на собна температура.
  • Готовиот џем послужете го за појадок или ужина.
  • Уживајте во светот на вкусовите!

Намирници
  

  • 1 кг зрели смокви
  • 200 - 250 г шеќер
  • 2 ќесички ванилин шеќер од Витаминка
  • 1 лимон
  • 1 лажица рум
  • 1 лажичка мелен цимет од Витаминка.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рејтинг