Смоквите измијте ги, тврдата кора отстранете ја,а потоа исечете на четвртини.
Ставете ги во подлабоко тенџере.
Лимонот измијте го и излупете го жолтиот дел од кората без бел слој.
Исчистениот лимон преполовете го и исцедете госокот.
Во садот со смоквите, додајте ги шеќерот и сокот од лимон.
Тенџерето покријте го со кујнска крпа и оставете ги смоквите да се маринираат 1 час на собна температура.
Во смоквите додајте ја кората од лимон и ставете го тенџерето на оган да се вари.
Откако ќе зоврие намалете ја температурата и варете уште 30 минути.
Повремено мешајте на 4-5 минути и отстранувајте ја пената од површината.
По половина час варење, отстранете ја кората од лимон.
Ако кората од смоквите не е распадната извадете ја и ситно исечкајте ја.
Смоквите изгмечете ги или испасирајте ги со рачен блендер.
Во садот додајте ги ванилиниот шеќер, румот и мелениот цимет.
Варете уште 15 минути.
Џемот е готов кога остава трага при мешањето.
Чистите тегли и капаци стерилизирајте ги 10 минути во загреана рерна на 150 степени.
Во теглите ставете од топлиот џем.
Притоа оставете околу 1 см под работ на теглата.
Затворете ги теглите и превртете ги наопаку 5-10 минути.
Потоа, вратете ги во нормалната позиција,ставете ги во исклучената рерна или завиткајте ги во ќебе и оставете ги постепено да се изладат на собна температура.
Готовиот џем послужете го за појадок или ужина.
Уживајте во светот на вкусовите!