Крцкави печени тиквички со сос од кечап и мајонез
Чекори на подготовка
- Тиквичката убаво измијте ја.
- Потоа пресечете ја на половина по должината.
- Секој дел пресечете го на три еднакви делови.
- Потоа исечете кришки со големина по желба.
- Во тава ставете хартија за печење.
- Во чинија ставете го брашното, мешаниот зачин Дафинка и додајте малку мелен црн бибер од Витаминка.
- Измешајте ја смесата со лажица.
- Во друга чинија ставете ги јајцата и изматете ги со виљушка.
- Солениот чипс Бонитас издробете го и ставете го во чинија.
- Земете едно парче тиквичка и извалајте го во брашно.
- Потоа ставете го во садот со изматени јајцаи на крај извалајте го во дробениот солен чипс.
- Вака приготвените тиквички наредете ги во тавата за печење.
- Попрскајте ги со масло и ставете ги да се печат во загреана рерна на 220 степени за време од 15 до 20 минути.
- Во меѓувреме подгответе го сосот.
- Во мал длабок сад ставете го кечапот,витанезот и ориганото.
- Измешајте со лажица додека се добие хомогена смеса.
- Крцкавите печени тиквички извадете ги од рерната и оставете ги кратко да се изладат.
- Потоа наредете ги на чинија и послужете ги во комбинација со сосот.
- На здравје!
Намирници
- 1 тиквичка со средна големина
- 3 ќесички солен чипс Бонитас или Бонитас со чили вкус
- 2 јајца
- 1 мала лажичка мешан зачин Дафинка
- брашно по потреба
- црн бибер од Витаминка по вкус
- масло Брилијант за попрскување.
За сос:
- 100 мл пикантно лут кечап од Витаминка
- 50 мл Витанез
- 1 мала лажичка оригано
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
0 Comments