Тиквичката убаво измијте ја.
Потоа пресечете ја на половина по должината.
Секој дел пресечете го на три еднакви делови.
Потоа исечете кришки со големина по желба.
Во тава ставете хартија за печење.
Во чинија ставете го брашното, мешаниот зачин Дафинка и додајте малку мелен црн бибер од Витаминка.
Измешајте ја смесата со лажица.
Во друга чинија ставете ги јајцата и изматете ги со виљушка.
Солениот чипс Бонитас издробете го и ставете го во чинија.
Земете едно парче тиквичка и извалајте го во брашно.
Потоа ставете го во садот со изматени јајцаи на крај извалајте го во дробениот солен чипс.
Вака приготвените тиквички наредете ги во тавата за печење.
Попрскајте ги со масло и ставете ги да се печат во загреана рерна на 220 степени за време од 15 до 20 минути.
Во меѓувреме подгответе го сосот.
Во мал длабок сад ставете го кечапот,витанезот и ориганото.
Измешајте со лажица додека се добие хомогена смеса.
Крцкавите печени тиквички извадете ги од рерната и оставете ги кратко да се изладат.
Потоа наредете ги на чинија и послужете ги во комбинација со сосот.
На здравје!