Крцкави вртени стапчиња со зачини и крупна сол
Совети плус:Стапчињата се доста тенки, па најкарактеристично во овој рецепт е печењето. Пред крајот посебно внимавајте да не ви изгорат и пазете ги.За да добиете стапчиња кои се прави, ставајте ги директно во плехот за печење откако ќе ги оформите.
Чекори на подготовка
- Во сад ставете ги квасецот и млаката вода.
- Измешајте и оставете кратко да се соединат, па додајте го и Брилијант маслото.
- Во друг поголем сад измешајте ги брашното,солта, ситната црвена пипер, кимот и сусамот.
- Додајте ги течните состојки во садот со измешаните суви состојки.
- Замесете убаво изедначено тесто и поделете го на 2 дела.
- Од секој дел, со помош на сукало направете тенка правоаголна кора.
- Така истенчената кора исечете ја на хоризонтални ленти со ширина од 8-10 мм, а потоа пресечетена половина по должина.
- Земете една лентичка, спојте и ги краевите,малку истегнете и спирално извртете ја.
- Веднаш ставајте ги во плехот за печење, кој може да е обложен со хартија или да е премачкан со Брилијант масло.
- Постапката повторувајте ја додека завршите со сите ленти.
- Рерната загрејте ја на 200 степени.
- Пред печење, оформените вртени стапчиња со зачини премачкајте ги со матено јајце и поросете со крупна сол по ваш вкус.
- Печете ги на 200 степени за време од 7-10 минути,зависно од рерната.
Намирници
- 1 коцка квасец
- 250-300 мл млака вода
- 150 мл Брилијант масло
- 1 лажица ситна црвена пипер
- 200 г сусам
- 20 г ким
- 2 лажички ситна сол
- 1 кг брашно.
За премачкување и одозгора:
- 1 јајце
- крупна морска сол од Витаминка по потреба.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
0 Comments