Во сад ставете ги квасецот и млаката вода.
Измешајте и оставете кратко да се соединат, па додајте го и Брилијант маслото.
Во друг поголем сад измешајте ги брашното,солта, ситната црвена пипер, кимот и сусамот.
Додајте ги течните состојки во садот со измешаните суви состојки.
Замесете убаво изедначено тесто и поделете го на 2 дела.
Од секој дел, со помош на сукало направете тенка правоаголна кора.
Така истенчената кора исечете ја на хоризонтални ленти со ширина од 8-10 мм, а потоа пресечетена половина по должина.
Земете една лентичка, спојте и ги краевите,малку истегнете и спирално извртете ја.
Веднаш ставајте ги во плехот за печење, кој може да е обложен со хартија или да е премачкан со Брилијант масло.
Постапката повторувајте ја додека завршите со сите ленти.
Рерната загрејте ја на 200 степени.
Пред печење, оформените вртени стапчиња со зачини премачкајте ги со матено јајце и поросете со крупна сол по ваш вкус.
Печете ги на 200 степени за време од 7-10 минути,зависно од рерната.