Кремасто рижото со куркума
Чекори на подготовка
- Најпрво исечкајте го путерот на мали коцки и ставете го во фрижидер.
- Треба да е ладен кога ќе го додадете во оризот.
- Во длабока тава на оган на средна температура ставете го оризот и пропржете го неколку минути со постојано мешање.
- Во тавата додајте го белото вино.
- Откако ќе зоврие, додајте и дел од бујонот.
- Бујонот треба во целост да го прекрие оризот.
- Оставете го оризот да се вари на ниска температура со повремено мешање за да не се залепи на дното.
- Постепено додавајте од бујонот, додека се свари оризот.
- Посолетего по вкус и додајте ја куркумата, па добро измешајте.
- Рижотото не треба да биде ни премногу лепливо,ни течно, туку треба да добие кремаста конзистенција.
- Откако рижотото е готово исклучете го шпоретот и додајте ги ренданиот пармезан,маслиновото масло, ренданата кора од лимон и коцките ладен путер.
- Добро измешајте додека се хомогенизираат сите состојки со рижотото.
- Вака подготвеното рижото со куркума сервирајтего во чинија и поросете го со магдонос,оригано или друг свеж зачин по желба.
- На здравје!
Намирници
- 320 г ориз
- 30 мл бело вино
- морска сол по вкус
- 1 л пилешкиили зеленчуков бујон
- 50 мл Brilliant Extra Virgin – ладно цедено маслиново масло
- 40 г путер
- 80 г рендан пармезан
- 1 лажичка куркума од Витаминка
- рендана кора од ½ лимон
- магдонос по вкус
- оригано по вкус.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
0 Comments